ЕУ договори ограничување на цената на руската нафа на 60 долари

Земијите членки на Европската унија договориле ограничување на цената на риускаа нафра на 60 долари за барел, во согласност со предлогот на САД кои ја наметнаа оваа идеја на годинешниот самиот на групата Г7, изјавиле европски дипломати за агенцијата DPA.

Истовремено на Twitter чешкото претседателство со Советот на ЕУ објави дека постојаните претставници на земјите членкин на Унијата постигнале договор за лимитот на цената на риската нафра којашто се транспортира по морски пат, истакнувајќи дека „Ќе следи писмена постапка, а одлуката ќе стапи на слина по објевувањето во Слижбениот весник“ на ЕУ.

Според сознанијата на DPA и на Financial Times земјите на ЕУ се договориле плафонот на цената на руската нафта да биде 60 долари а барел, откако Полска поддржана од балтичките земји предлагаше цена од 30 долари за барел.

Амбасадорот на Полска во ЕУ, Анджеј Садос, цитиран од Reuterst изјави дека договорот предвидува механизам за ревизија на цените што ќе го задржи ограничувањето на пет проценти под пазарната вредност, што ѝ овозможува на ЕУ да тргне натаму со формалното одобрување на договорот во текот на викендор. Според Садос, договоот официјално ќе биде објавен во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото на ЕУ на увозот на руската нафта. Подоцна, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, прецизираше дека плафонот на цената на рускиот гас ќе биде прилагодлив.

Ограничувањето на цените на руската нафта, што е идеја на САД чиишто компании во моментов се најголемите купувачи и извозници на руската нафта на трети пазари наметната на Г7, има цел наводно да ги намали пригодите на Русија од продажбата на нафта а истовремено да го спречи скокот на цените на глобалните пазари. Меѓутоа, нема одговор како ќе реагираат пазарите доколку Москва ги оствари заканите дека целосно ќе ги запре испораките на нафта и гас на земјите кои се придружуваат на одредувањето лимит на цените на нејзините енергенси.

Споменатиот механзиам го предвидува плафонот од 60 долари за барелл за нафтата којашто им се продава на трети земји, заедно со ембаргото на ЕУ коешто стапува на сила на 5-ти декември. Тоа, како што изјави Садос, е сигнал дека „ЕУ останува единствена и солидарна со Украина“.

Она што на ЕУ ѝ стои на располагање во согласност со овие ограничувања е да забрани пружање одредени услуги за испшораките на риската нафта, како што се финансиските пресметики, транспортот и осигурувањето на транспортот и техничката помош, доколку нафтата е продадена над 60 долари.

Не е јасно дали ембаргото на ЕУ е идентично со законските уредби на САД во истата насока, којашто покрај ограничувањето на цената на руската нафта се однесува само на првата продажба на „истоварената“ нафта на дестинација надвор од Русија, односно на првото место на коешто товарот стасува до брегот. Нафтата препродадена на копното по првата точка на влезот ќе може да се продава по повисока цена. Што всушност овозможува препродавање и манипулации на западните компании со руската нафта, којашто и онака во моментов се продава по цената од околу 60 долари за барел.

Според најаите лимитот за нафтата ќе биде воведен на 5-ти ноември, заедно со ембаргото за увозот на ЕУ, а на 5-ти февруари 2023-та на сила ќе стапат и ограничувањата на нафтените деривати. Таа цена би требало да ја стимулира Русија да не го запира производството и извозот што би предизвикало силни потреси на меѓународните пазари на нафтата, но да ги ограничи нејзините приходи за да не може да ја „финансира својата војна“ во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин коментирајќи ја оваа иницијатива на западните земји изјави дека Русија нема да испорачува нафта во странство, доколку тоа е во спротивност со нејзините интереси.

Вицепремиерот Александр Новак, пак, посочи дека Москва нема да извезува нафта во земјите кои ќе одредат лимит на цената, ниту по 60 долари за барел, ниту по која и да е друга цена која е политички а не пазарно одредена. Додаде дека Русија активно работи со оние потрошувачи кои се подготвени да соработуваат по пазарни односи.

Поради, тоа како што пренесува Reuters, рускоот производство на нафта на почетокот од следната година може да биде намалено за половина до милиони барели нафта дневно, што ќе се одрази и на движењата на глобалните пазари.