ЕУ ќе добие две милијарди вакцини, за вакцинација на 700 милиони луѓе, има и за нас

Европската унија ќе добие околу две милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

За време на видеоконференцијата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, таа рече дека тоа значи оти со таа количина ќе можат да се вакцинираат 700 милиони луѓе и додаде дека тоа подразбира и граѓани од Западен Балкан и Африка.

Австрија, додаде таа, ќе добие два проценти од вкупниот број вакцини нарачани од ЕУ.

– Тоа е повеќе од она што на Австрија најверојатно ќе и треба – рече Фон дер Лајен.

Можеби ќе ве интересира

Курц и се заблагодари на Фон дер Лајен за нејзината посветеност во кризата со коронавирусот.

– Зачудувачки е колку брзо и добро се одвива овој процес. Вакцината ќе ја промени ситуацијата – нагласи тој.

Фон дер Лајен рече дека првите вакцинации најверојатно ќе можат да почнат во декември.

Курц изрази надеж дека првата група граѓани во Австрија ќе ја примат вакцината во јануари, потсетувајќи дека тоа ќе биде медицински персонал, негуватели и стари лица, како и ризични групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.