ЕУ ќе организира донаторска конференција за справување со последиците од земјотресот во Албанија

Европската Унија набрзо ќе организира донаторска конференција со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од земјотресот во Драч, Албанија што се случи на 26 ноември минатата година.

Тоа го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Загреб по состанокот на Хрватската Влада и ЕК, јави дописникот на МИА од Загреб.

Европска Унија се надева дека со оваа донаторска конференција на директен начин ќе може да и се помогне на Албанија во санацијата на оштетените објекти во големиот земјотрес, при што загинаа околу 50 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.