ЕУ ги критикува агенциите за кредитен рејтинг

„Преку истрага утврдивме дека се присутни бројни маани во процесот на одредување на кредитниот рејтинг на земјите, кои што можат да претставуваат ризик по квалитетот, независноста и интегритетот на земјите“, се наведува во соопштението на ЕСМА.

Истрагата се фокусирала на судирот на интереси во процесот на одредување на рејтингот, заштитните мерки кои што обезедуваат оценките да останат тајни до моментот на нивното објавување, како и на адекватноста на персоналот кој го одредува рејтингот.

Контролата на американските агенции „Стандард и Пурс“, „Мудис“ и „Фич“, кои контролираат 90 отсто од пазарот за утврдување на рејтинзи, предизвика загриженост околу независноста на тие агенции во процесот на одредување на рејтингот.