ЕУ ги осудува судирите на северот на Косово, вели дека ги покренала албанската страна

Европската унија остро во петокот ги осуди судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите на северот на поранешната јужна српска покраина, за кои вели дека се покренати поради обидите новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради, изјави портпаролот за надворешна политика Петер Стано.

Портпаролот изрази жалење поради нападите врз цивилната мисија на Европската унија – Еулекс.

„Сите мора да преземат чекори за смирување на напнатата ситуација и веднаш да воспостават мир. ЕУ нема да прифати никакви натамошни еднострани или провокативни акции и приорите мора да му се даде на зачувувањето на мирот и безбедноста на теренот“, истакна Стано.

Поради немирите во четирите северни доминантно српски општини во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, каде властите на албанското мнозинство по војната и од 1999-та и повлекувањето на српските сили по интервенцијата на НАТО еднострано во 2008 година со поддршка на САД и главните земји во ЕУ прогласи независна Република Косово, во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ нареди на српската армија да ја подигне борбената готовност на највисоки нови. Покрај тоа, нареди и единиците на српските војски да се приближат кон Косово, откако демонстрантите и полицијата се судрија поради преземањето на должноста на новите градоначалници по локалните избори кои беа бојкотирани, а градоначалниците беа избрани со само неколку гласови.

Медиумите известија дека косовската полиција влегла во зградата на општината Звечан, откако претходно пред општината, каде што биле собрани локалните жители, истрелала солзавец и шок-бомби.

По локалните избори кои и покрај предупредувањата од САД и ЕУ го распиша косовскиот премиер Албин Курти а кои најавено ги бојкотираат Србите, Приштина реши додека во Белград се очекуваат денеска и утре два големи митинга – на приврзаниците на српскиот претседател Вучиќ и на неговите противници, новите градоначалници да ги преземат должностите. Пред зградите на општините се собраа косовските Срби во намера тоа да го оневозможат.

Претходно полицијата во Приштина објави соопштение во кое се наведува дека им помага на новоизбраните градоначалници да можат да влезат во општинските канцеларии во четирите северни општини каде што доминантно е српското население.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стани, го повторни ставот на ЕУ дека неодамна одржаните вонредни локални избори на северот на Косово не може да бидат долготрајно решение во тие четири општини.

„Такво решение може да биде најдено само низ вистински дијалог меѓу сите клучни учесници, што ги вклучува Косово, Србија и заедницата на косовските Срби со помош на ЕУ“, порача Стано.