ЕУ ги повикува малите претпријатија да се подготват за брегзит без договор

Европската унија им порача на малите претпријатија да бидат подготвени за долготрајни царински процедури и поголеми трошоци, доколку Велика Британија излезе од членството без договор за трговскиот режим.

Ризикот за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унијиа без договор е сѐ поголем, а доколку ваквото сценариот се оствари, двете страни веднаш ќе воведат контроли на протокот на стоки, предупреди во понеделникот еврокомесарот за економија, Пјер Московиси.

„Тоа е клучно за да се заштитат нашите потрошувачи и нашиот внатрешен пазар. Многу нешта ќе зависат до способноста на компаниите со деловни врски со Британија да го фатат чекорот со царинските прописи коишто веднаш ќе стапат на сила, доколку не биде постигнат договор“, истакна Московиси во писмена изјава.

Компаниите кои работата со Британија мора да се подготват за царинските формалности и намети, и да ја вклучат во плановите задолжителната набавка на извозни односно увозни дозволи и порестриктивни аранжмани за данокот на додадена вредноста (ДДВ), доколку на сила стапат прописите на Светската трговска организација (СТО – WTO), предупредуваат од Европската комисија.

До брегзитот остануваат уште 39 дена, а ратификацијата на договорот меѓу Брисел и Лондон за раздружувањето запна во британскиот парламент, зголемувајќи го ризикот за излегување на Британија без договор кој би ги ублажил нарушувањата во економските текови.