ЕУ го намали пакетот за обнова на економијата

Според предлогот претставен пред лидерите на ЕУ денес, пакетот за економско закрепнување од последиците на пандемијата „Ковид-19“ вклучува 390 милијарди евра грантови и 360 милијарди евра заеми.

Аналитичарите велат дека ова претставува промена во првичниот предлог на Европската комисија за грантови од 500 милијарди евра и заеми од 250 милијарди евра.

Документот, кој го проверил Ројтерс, е основа за компромисниот договор по четиридневните разговори меѓу лидерите на ЕУ.

Документот, исто така, планира дека националните планови за трошење мора да имаат одобрение од квалификувано мнозинство на членки на ЕУ.

Преговорите во Брисел започнаа во петок, 17 јули, а продолжија денес во 15 часот попладне.