ЕУ го олеснува укинувањето на безвизниот режим за западен Балкан

Изменетите прописи воведуваат нова заштитна клаузула, односно „механизам за суспензија“ со кој се овозможува привремено повторно воведување на визниот режим, под специфични околности, за државјаните од трети земји кои можат непречено да патуваат во Европската унија без визи.

Споменатиот механизам ќе се применува само во специфични ситуации доколку дојде до зголемен пораст на нерегуларниот прилив на бегалци или неосновани барања за одобрување на азил во земјите од ЕУ.

Исто така, Советот на министри на ЕУ навел дека итната мерка за укинување на безвизниот режим на шест месеци за некои земји е можно и во случај на непочитување на договорот за реадмисија, односно во случај на значајно одбивање на барањата од ЕУ некои земји да ги примат назад своите државјани кои ќе го злоупотребат безвизниот режим.