ЕУ го потпиша договорот за Брегзит

21

Двајцата највисоки ЕУ претставници, претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, денеска го потпишаа договорот за разводот на Велика Британија од Унијата.

Со нивното официјално парафирање/ одобрување текстот на договорот на 29 јануари ќе биде поднесен и во Европскиот парламент на ратификување.

Потоа следниот четврток дипломатите од државите-членки на ЕУ ќе треба и писмено да го одобрат договорот, со што ќе го гарантираат напуштањето на Велика Британија на заедницата точно на полноќ на 31 јануари.

„Шарл Мишел и јас тукушто го потпишавме Договорот за повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, што го отвара патот за негово ратификување од Европскиот парламент”, напиша на Твитер шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Во оделен твит Мишел напиша: „Нештата неизбежно ќе се сменат, но нашето пријателство ќе остане. Почнуваме ново поглавје како  партнери и сојузници.”

И потоа Мишел на француски додаде: „Се стремиме оваа нова страница да ја напишеме заедно“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.