ЕУ и донираше на Албанија 20.000 тестови за Ковид-19

Европската унија и донираше 20.000 тестови на Албанија за Ковид-19, информираше амбасадорот на мисијата во ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.

Сореца  во објава на Фејсбук наведува дека овие тестови се заради поквалитетна анализа и додава дека „ЕУ стои покрај Албанија“.

– 20.000 тестови ќе бидат на располагање на Институтот за јавно здравје во Тирана. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија, посочува Сореца.

Според последните информации од Институтот за јавно здравје, во Албанија регистрирани се 609 заразени од Ковид -19, од нив оздравени се 345, додека починати 26 лица.

Од почетокот на март до сега се тестирани 6.017 сомнителни случаи  на Ковид-19.

Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 40 пациенти, што е за четворица помалку споредено со вчера. Од нив 10 пациенти се на интензивна нега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.