ЕУ и НАТО не треба да бидат алиби за лош договор

177

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-а Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

Претседателот Иванов истакна дека и понатаму ќе ги поддржува европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но истовремено порача дека стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ.

Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, порача претседателот Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.