ЕУ и ОН ја осудија ескалацијата на насилството во Украина

ЕУ и ОН ја осудија ескалацијата на насилството во Украина
ЕУ и ОН ја осудија ескалацијата на насилството во Украина

ЕУ и Бан Ки-мун го осудија синоќа новиот бран насилства во Украина каде десет лица смртно настрадаа во новите судири на прорускиот бунтовнички исток, додека Москва го обвини Киев дека подготвува офанзива, објави МИА

Ја осудуваме неодамнешната ескалација на судири кои продолжија во ноќта од неделата кон понеделникот, изјави портпаролката на ЕК Кетрин Реј.

Таа ги повика борците да го почитуваат „во целост прекинот на огнот“, на сила од средината на февруари и да „преземат соодветни мерки за заштита на цивилите“.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека е многу загрижен поради неодамнешната ескалација на истокот на Украина, оценувајќи го неприфатливо постојаното кршење на прекинот на огнот.

Порошенко бара распоредување на мировни сили во Украина

Порошенко бара распоредување на мировни сили во Украина
Порошенко бара распоредување на мировни сили во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за францускиот весник „Либерасион“ повторно изјавил дека е неопходно во земјата да бидат распоредени мировни сили.

Мисијата на ОБСЕ е од суштинско значење за нас, но не е доволна. Затоа сметаме дека е потребно да имаме мировни сили во земјата, истакна Петро Порошенко.

На 4 јуни Врховната Рада усвои закон, со кој се дозволува за поддршка на мирот и безбедност во Украина да се ангажира и контингент од странство.

Меѓународна операција за поддршка на мирот и безбедноста во Украина ќе гарантира ефикасно спроведување на протоколот од консултациите на Контакт групата, се наведува во документот.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека доколку во Украина бидат распоредени мировни сили на ОН, тоа би ја поделило земјата на два дела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.