ЕУ им додели кандидадски статус на Украина и Молдавија (проширена)

Дваесет иседумте членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет., Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на „руската агресија“, а ветија „европска перспектива“ за Грузија.

„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ ​​на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Twitter.

Мишел, исто така, објави дека челниците на ЕУ ја „признаа европската перспектива на Грузија и подготвеност да ѝ се додаде кандидатски статус кога ќе ги реши преостанатите приоритети“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја пооздрави одлуката, нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.

Дваесет иседумината одлуката ја донесоа на редовниот состанок на врвот, а претходно во четвртокот за таа одлука гласаа и пратениците во Европскиот парламент.

Украина поднесе барање за членство на 28-ми февруари, четири дена по руската инвазија, по што на 3-ти март истото го побараа и Молдавија и Грузија. Европската комисија минатата седмица го објави мислењето за овие три барања и му препорача на Советот на ЕУ да ја потврди нивната перспектива. Оваа одлука се донесува и со согласност на Европскиот парламент.

Доделувањето за Украина и Молдавија кандидатски статус, тоа ќе претставува пресврт без преседан во политиките на пристапување на ЕУ, бидејќи поради големите проблеми со владеењето на правото, криминалот и ендемската корупција двете земји не беа ниту блиску таквиот статус. Но од почетокот на војната во Украина, двете земји, преку заеднички декларации за руската агресија се обидуваат да добијат макар и нејасна формулација којашто би зборувала за евентуална нивна перспектива во ЕУ, што би ги зајакнало тамошните политички елити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.