ЕУ им се заканува на САД со одмазда по царинските санкции

Соединетите држави во петокот одредија царини на европски производи што ја разгневи Европската унија која ветува дека ќе возврати во првата можност, со перспектива за влошување на трансатлантските тровски односи.

Зголемувањето на американските царини кои на сила стапија во петокот ги најави Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) пред петанесет дена кога објави листата со стотина европски производи на кои ќе им бидат наметнати нови царини откако Светската трговска организација (СТО – WHO) пресуди дека САД имаат право да вовдат царини до износ од 7,5 милијарди долари за да ги надоместат штетите. Канцеларијата тогаш објави и дека најголемиот дел од новите царини ќе се однесуваат на производи од Германјија, Велика Британија, Франција и Шпанија. Пред четири дена СТО дефинитивно даде „зелено светло“ за Вашингтон да воведе санкции за ЕУ како одговор на субвенциите за „Airbus“.

Европската комесарка за трговија Сесилија Малстром, која изрази жалење поради американската одлука, во петокот оцени дека на Европската унија не ѝ преостанува ништо друго, туку да одговори на воведувањето на царините.

„Заемното воведување царински санкции долгорочно не му никому во интерес. Тоа ќе наштети на воздухопловната индустрија во САД и во ЕУ и ќе доведе до колатерални штети во многу други сектори кои веќе се опфатени со сегашните трговски тензии“, оцени Малмстром.

Имено СТО следната година би требало да ѝ дозволи на ЕУ да одреди царински санкции за САД, кои се обвинети за субвенционирање на „Boeing“.

Американските царини за европските производи доаѓаат во моментот кога сѐ уште не е дефинитвно запрена трговската војна на САД со Кина, што веќе се чувствува со дестабилизирање на глобалната трговија.