ЕУ ја разгледува за доделување на кредити на Украина

Европската унија ја разгледува можноста за обезбедување на краткорочни и долгорочни кредити како финансиска помош за Украина, пренесе „УНИАН“, повикувајќи се на изјава на високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон.

„Активно водиме дискусии со партнерите за да најдеме начини за надминување на економските предизвици и особено да се започне активна соработка со Меѓународниот монетарен фонд за оваа цел. Размислуваме за комбинирање на краткорочни заеми со долгорочни“, истакнала Ештон.