Свет

ЕУ ја забрзува постапката за носење дисциплинска мерка против Полска

ЕУ ја забрзува постапката за носење дисциплинска мерка против Полска

Европската комисија во вторникот пристапи кон нова фаза во носењето дисциплинска мерка против Полска оценувајќи дали Варшава не одговорила на нејзината загриженост во врска со почитувањето на независноста на судството во реформите на полскиот Врховен суд.

„Одговорот на полските власти не ја отстрани загриженоста на Европската комисија во врска со правосудството“, се истакнува во соопштението а оваа институција, којашто инаку се смета за чувар на евроспките договори.

Европската комисија на почетокот од јули испрати официјално известување и полските власти сега имаат еден месец да ги „донесат мерките“. „Во спротивно, Комисијата може да ја тужи Полска пред Судот на правдата на Европската унија“, предупредуваат од ЕК.

„Знаевме дека нашите аргументи нема да ја уверат *ЕК(, не за тоа што беа слаби, туку затоа што Комисијата тука делува политички, а не како институција којашто би требало да внимава дали се почитуваат европските закони и договор. Но морно го прифаќаме тоа“, возврати полскиот заменик министер за правда, Лукаж Пјебјак.

Извршната власт на ЕУ „смета дека полскиот закон за Врховниот суд е неспоив со законите на Унијата, бидејќи го нарушува начелото на независност на правосудството“.

Новиот полски закон ја намалува границата на возраста за пензионирање на судиите, што всушност значи дека ќе им заврши мандатот на третината судии во Врховниот суд, на 17 од 72, кои се повозрасни од 65 години, меѓу кои и е неговата претседателка. Пјебјалк изјави дека Полска е подготвеа да го брани својот став „до крајот“.

Европската комисија во јануари 2016 година покрена прелиминарна процена и за новиот полски закон за Уставниот суд за да утврди дали се прекршени правилата на Европската унија.

„Рамката за правна држава“ е механизам кој ЕК го усвои во март 2014 година по критиките дека не реагирала на соодветен начин на наводните закани за демократските стандарди во Унгарија. Тој механизам се сведува на дијалог со земјата членка за да се утврди дали таа е подготвена да ги промени законите кои се сметаат за спорни и постапките за да се избегне активирањето на членот 7 од договорот за ЕУ, кој предвидува суспендирање на правото на глас на држава членка која не ги почитува темелните принципи и вредности на Унијата, што досега никогаш не е користено.

Во случајот на Полска првпат беше покрената таквата постапка која се состои од три чекора, и тоа процена на ЕК, потоа препорака од ЕК за земјата членка да го исправи она што не е во согласност со законодавството во ЕУ и на крајот одговорот од таа земја. Доколку се утврдат недостатоци и земјата членка се согласи тоа да го исправи, механизмот се запира, а во спротивно ЕК може да го предложи активирањето на членот 7.

Уставниот суд на Полска тогаш донесе одлука дека ќе прими двајца судии кои ги предложи владејачката партија Правда и право (PiS).

ЕК за ситуацијата во Полска расправаше откако тамошната нова влада донесе два закона, за Уставниот суд и за именувањето на челниците во јавните медиуми. Главно се дискутираше за законот за УЅставниот суд, додека законот за јавните медиуми се споменуваше само спорадично и за него беше најавено деча ќе се зборува дополнително.

Конзервативниот претседател Анджеј Дуда на 28-ми декември 2015 година конечно го потврди законот кој полската опозиција го смета за инструмент кој го парализира Уставниот суд како чувар на Уставот. Конзервативното мнозинство, пак, во него гледа напротив, начин на демократизација за да се отстрани секоја пречка за спроведување на реформите.

Законот е оценет како голема промена во правилата на работата на Уставниот суд.. Судот од петнаесет членови сега мора да ги носи одлуките со двотретинско мнозинство од гласовите и со најмалку тринаесет судии присутни на седницата, наместо досегашните девет. Опозицијата критикува дека сега партијата Прво и правда (PiS) може лесно да ја блокира секога одлука на судот која е спротивна на партискиот став. Во ова партија, пак, тврдат дека законот воведува ред во Уставниот суд и ги отстранува пречките за спроведување на изборните ветувања.