ЕУ ќе побара од Јанукович предвремени избори

Делегацијата на Европската унија ќе побара од украинскиот претседател Виктор Јанукович предвремени избори, пренесе „Интерфакс“, цитирајќи го францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус.

„Целта ни е да ги убедиме украинските власти да одржат предвремени избори. Нема друго решение, освен предвремени избори“, изјави францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, пред средбата со украинскиот претседател Виктор Јанукович.