ЕУ: Крим не е Косово

Ситуацијата на Крим не може да се спореди со Косово, порача денеска портпаролот на Европската комисија, Алехандро Муњоз.

„Нема место за споредба меѓу Крим и Косово“, рекол Муњоз, осврнувајќи се на паралелата меѓу интервенцијата на НАТО на Косово и руската интервенција на Крим која ја повлече рускиот претседател, Владимир Путин.

Путин неодамна изјави дека „населението на Крим има право на самоопределување како што претходно им беше дозволено на косовските Албанци“.