ЕУ му се заканува со санкции на Facebook ако не се прилагоди на европските прописи

Европската комесарка за правосудство на американската социјална мрежа Facebook во четврокот ѝ даде рок до крајот на годинава да се усогласи со европските прописи за заштита на потрошувачите или ќе се соочи со санкции.

„Моето трпение дојде до крајните граници. Иако Facebook ме убедуваше дека кончено ќе ги прилагоди сите преостанати неусогласени услови за давање услуги до декември, сево ова трае предолго“, се наведува во соопштението на еврокомесарката Вера Јурова.

„Сега е време за акција и нема повеќе ветувања. Доколку промените не бидат спроведени до крајот на годината, ќе ги повикам телата за заштита на потрошувачите да дејствуваат брзо и да ја казнат компанијата“, додава еврокомесарката.

Притоа истакнува дека платформата Airbnb ги направила неопходните измени, откако била предупредена пред три месеца.