ЕУ на 27 декември стартува со вакцинирање против Ковид-19

Земјите членки на Европската унија ќе започнат вакцинирање против ковид-19 за 10 дена, бидејќи Европа се обидува да ги достигне Британија и Соединетите држави по она што некои го критикуваа како бавен процес на одобрување на вакцините од страна на ЕУ.

Датумот на започнување на 27 декември – потврден од шефицата на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, Австрија, Германија и Италија – ќе биде скоро три недели откако беше спроведена првата целосно тестирана вакцинација против ковид-19 во Англија.