ЕУ: Националните влади да одлучат за забраните на ГМО

Европскиот парламент и земјите-членки на Европската унија вчера се согласија дека националните влади треба да го имаат последниот збор во донесувањето на одлуките за забрана на генетски модифицираните посеви (ГМО) дури и во случај како претходно одобри Агенцијата за безбедност на храна на ЕУ, јавува МИА.

– Земјите-членки при донесувањето на одлука за ГМО може да го земат во предвид својот национален контекст, но и ставовите на граѓаните, истакна европскито комесар за безбедност на храната Витенис Андриукаитис.

Конечниот одговор за ГМО треба да го одобрат парламентите и земјите-членки, но европските претсатвници тврдат дека по вчерашниот состанок тоа прашање не претставува значителен проблем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.