ЕУ: Над 11 милијарди евра за Украина, санкции за поранешниот режим

Европската унија изработи пакет мерки за економска помош на Украина тежок 11 милијарди евра, кои што таа земја ќе ги добие доколку потпише Договор за стабилизација и асоцијација.

Европскиот совет одлучи да воведе санкции за функционерите на поранешниот украински режим и да им бидат замрзнати парите кои што ги проневериле.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, декеска ќе се сретнат во Париз каде што треба да го надминат јазот во ставовите околу ситуацијата во таа земја.

Според одлуката на Европскиот совет, со санкциите ќе бидат опфатени 18 лица чии имиња се’ уште не се откриваат.

Инаку, тешката политичка криза во Украина и’ даде нов повод на Европската унија и на остатокот од Европа да размисли околу алтернативите на рускиот гас, но во следните години Русија и понатаму ќе биде главниот дистрибуте за поголемиот дел од земјите во регионот.