ЕУ не го одобрува едностраниот потег на САД за забрана на патувањата

Пандемијата со новиот тип коронавирус предизвика глобална криза, и не е огеаничена на ниеден континент и оттаму е потребна соработка, а не еднострани потези, реагираа челниците на Европската унија на забраната на Вашингтон за патувања од Европа во САД.

„Европската унија не го одобрува фактто што САД воведоа забрана за патувања еднострано и без консултации“, се наведува во заедничката изјава на претседателот Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Коронавирусот е глобална криза, не е ограничена на еден контитент и бара соработка, а не еднострани мерки“, се додава во изјавата.

Британската влада во четвртокот порача дека нема намера да го следи американскиот пример и да воведе забрана за влез за граѓаните од ЕУ, бидејќи не смета дека тоа е ефикасна мерка во борбата со коронавирусот, изјави за медиумите портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката за воведување на забрани за влез во САД од Шенгенскиот простор, од кој се изземени членките на ЕУ кои не се членки на шенгенската зона, а по Кина кој е нејпогодениот дел од светот од коронавирусот.

Забраната стапува на сула во полноќ, ќе трае 30 дена и се однесув на 26-те земји на слободното движење на луѓето во Европската унија.

Во овие земји има најмногу потвдени случаи на коронавирус надвор од континентална Кина. До 11-ти март во овие европски земји беа регистрирани 17.442 заболени и 711 починати.