ЕУ не ни дозволи ветинг во правосудството, вели министерот Адеми

Кои се мотивите што младите си купуваат билет во еден правец и си заминуваат од Македонија. Во емисијата на Алсат М ТВ „Патот кон“ министерот за дијаспора, Едмонд Адеми вели дека правдата е основа за развојот на многу процеси и дека уште при формирање на Владата ветингот во правосудството бил на маса. Гледајќи го искуството со ветингот врз судиите во соседна Албанија, тоа не го дозволила Европската унија.

 „Од структурите и институциите на ЕУ, имавме еден вид забрана во тој правец, земајќи ги во предвид фактите и аргументите што се случија во Албанија. Денес во Албанија и по една година, сѐ уште немате Уставен суд. Затоа рековме, добро, нема да има ветинг поради ЕУ и НАТО процесите во изминатите две години. Имало и компромиси кои можеби на дел од граѓаните не им се допаднале, но на крајот компромисите се дел од секојдневниот живот, дел од политиката.  Важно е дека правите компромиси за да се постигне стратешката цел на државата, тоа е членка на НАТО и ЕУ“, вели Едмонд Адеми.