ЕУ не постигна договор за прашањето со емигрантите

95

Министрите за внатрешни работи на Европската унија не успеаја да постигнат договор за прашањето за десетиците илјади мигранти кои секоја година се обидуваат да влезат во Европа преку Средоземното Море.

Италија побара и други држави рамномерно да преземат товар за мигрантите. Разговорите за тоа лидерите во ЕУ ќе ги продолжат на 25 и 26 јуни.

– Денеска постигнавме напредок, но далеку сме од договор. Зборовите не се доволни, изјави Димитрис Аврамопулос, комесар на ЕУ задолжен за миграции.

Министрите не донесоа одлука да се спроведе предлог на ЕК за квоти за разместување 40.000 баратели на азил кои се во Европа и да се преместат 20.000 Сиријци кои живеат во кампови вон Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.