ЕУ нема да ги продолжи договорите за вакцините со „Џонсон и Џонсон“ и со „Астра Зенека“

Европската комисија одлучи да не ги обновува договорите за набавка на вакцини против Ковид-19 со „Џонсон и Џонсон“ и со „Астра Зенека“, објави денеска весникот „Ла Стампа“, повикувајќи се на неименуван извор од италијанското Министерство за здравство.

ЕК во договор со лидерите на многу земји на Европска Унија, одлучи договорите со компании што произведуваат вакцини против коронавирусот, кои важат за тековната година, да не бидат обновени по нивното истекување, наведува „Ла Стампа“.

Весникот додава дека Брисел ќе се фокусира на вакцините против Ковид-19 со употреба на РНК технологија, како што се оние на „Фајзер-Бионтех“ и „Модерна“.

Слични информации минатата недела објави и германскиот весник Ди Велт.

ЕК, во меѓувреме, побара појаснување од „Џонсон и Џонсон“ за „целосно неочекуваното соопштение за одложување на испораката на своите вакцини во ЕУ“.

Информациајта доаѓа по вчерашното соопштение на „Џонсон и Џонсон“ дека ќе ја одложи испораката на вакцината против Коид-19 во Европа поради стравувањата дека во ретки случаи, примателите на вакцини може да развијат згрутчување на крвта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.