ЕУ со одрврзани раце за санкции против ИД и Ал Каеда

Досега санкции можеше да се применат само за лицата и субјектите наведени од страна на Обединетите нации или од страна на земјите членки на ЕУ, кои во овој случај дејствуваа индивидуално.

Со оваа одлука на Советот на Унијата, ЕУ ќе биде во можност да воведе забрана за патување на поединци и замрзнување на имотот на лица и субјекти што се идентификувани дека се поврзани со ИД или со Ал Каеда. Ова значи дека сите нивни средства во границите на Европската унија ќе бидат замрзнати и дека државјани и субјетки на ЕУ ќе имаат забрана за какво било располагање со средствата и имотите на лицата поврзани со овие терористички организации.

Поединците и субјектите што се таргетирани се оние што учествувале во планирање или за извршување на терористички напади или ги обезбедувале ИД и Ал Каеда со финансии, нафта или оружје или пак добиле терористички тренинг од нив. Физички или правни лица, исто така може да бидат наведени за активности како што се вработување, акти на поттикнување или јавно провоцирање и активности за поддршка на овие организации или се вклучени во сериозни злоупотреби на човековите права надвор од ЕУ, како што се киднапирање, силување, сексуално насилство, присилни бракови и поробување на лица.