ЕУ потврди дека добила ‘некои документи’ од Британија

Европската унија го добила документот од владата на Велика Британија во кој, според најавите, се содржат предлозите на Лондон за постигнување нов договор за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, соопшти во четвртокот на прес-конференција во Брисел портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

Според неа, Еропската комисија од Велика Британија добила „одредени документи“ кои се однесуваат на заштитниот механиам за ирската граница, но дека во овој момент не може да каже дали станува збор за конкретни предлози кои би овозможиле напредок кон договорот за брегзитот.

„Можам да потврдам дека добивне докимнети од Велика Британија и ќе ги проучиме. Денеска и утре имаме технички дискусии“, рече Андреева.

Исто така, ја потврди информацијата дека на 20-ти септември ќе се одржат разговори меѓу британскиот министер за брегзитот Стивен Баркли и главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

Претходно агенцијата Reuters повикувајќи се на извор во бритнаската влада, пишуваше дека Лондон бојни писмени предлози до Европската унија, кои би можеле да овозможат страните да ги усогласат своите ставови.

Велика Британија врши притоскот за отстранување на клаузулите од предлог-договорот за брегзитот, специјалниот режим што треба привремно да осигури Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство, да остане во Царинската унија на ЕУ и во единствениот европски пазар по спроведување на законот. Се стравува дека воспоставувањето на ткн „тврда граница“ на Ирскиот остров ќе биде во спротивност со мировниот договор од Велики петок 1998 година со кој беше сопрено тридецениското насилство.

Велика Британија не се согласува со заштитниот механизам „бекстоп“, каков што е предвиден во договорот со ЕУ, но Брисел сѐ уште не се произнесе за идејата на Лондон, да се воведе единствен царински режим за земјоделски и пехранбени проиводи на Ирскиот остров. Со резолуцијата, одобрена на пленарната седница на Европскиот парламент во средата, се посочува дека Велика Британија треба писмено да ги достави алтернативните предлози, и се изразуваше жалење што тоа сѐ уште не е сторено.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти март годинава, две години откако го достави писменото известување за повлекување од Унијата како резултат од референдумот од 23-ти јуни 2016 година. Но британските парламентарци трипати го отфрлија договорот за условите за брегзитот кој го постигнаа Брисел и поранешната британска премиерка Тереза Меј. Како резултат на тоа ЕУ се согласи да го одложи брегзитот, прво во април или мај, а потоа и за 31-ви откомври, а Меј беше принудена да си поднесе оставка, неуспевајќи да го надмине ќорсокакот. Неа ја наследи Борис Џонсон кој ветува дека ќе го спроведе брегзитот на договорениот датум, со или без договор со Брисел.