ЕУ повторно во повик до Израел да им стави крај на нелегалните колонии

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел повторно ги повика израелските власти да се откажат од изградба на новите најавени колонии на палестинска територија.

Властите во Израел планираат изградба на нови комплекси на згради источно од Ерусалим на територијата на Западниот Брег, како и изградба на нови населби во јужен Ерусалим.

-Градбите во овие области ќе ја пресече географската и територијална зона помеѓу Источен Ерусалим и Западниот Брег, предупредува ЕУ додека другата градба ќе ја пресече комуникацијата помеѓу јужниот и северниот дел од брегот.

ЕУ уште еднаш го повикува Израел да им стави крај на овие градби и да ги откаже тендерите кои се во тек.

-Колониите се нелегални според меѓународното право, алармира ЕУ.