ЕУ разгледува одложување на брегзит, Џонсон порача дека тоа би довело од избори

Европските челници во средата разгледуваат дали на Обединетото Кралство ќе му дадат тримесечно одложување за излегувањето од Европската унија, а британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе распише избори до 25-ти декември, доколку биде донесена таква одлука.

Се чини дека Британија е поблиску од кога и да е до решение од своите три ипол години долги премрежја околу излегувањето од Европската унија. Премиерот Борис Џонсон минатата седмица со Брисел постигна договор и во парламентот доби ран сигнал дека договорот би можел да биде прифатен.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Twitter објави дека на европските челници им предлага да го прифатат одложувањето за кое Џонсон истакнува дека не го посакува, но кој според законот неодамна изгласан во британскиот парламент беше задолжен да го побара.

Европски функционери тврдат дека најизгледното сценарио е ЕУ да прифати тримесчно одложување, а дека на Британија ќе ѝ овозможат да излезат од ЕУ и порано доколку ги усвојат потребните закони. Постои можност некои членки на ЕУ, како Франција, да побараат покусо одложување, потенцијално долго само неколку дена или седмици.

Портпаролот на Џонсон рече дека доколку дојде до одложување до крајот на јануари, би биле потребни избори во Велика Британија кои би можеле да се одржат пред католички Божик.

Џонсон во вторникот, откако британскиот парламент не поддржа законот за примената на договорот кој го договори со Брисел да се усвои по забрзана тридневна процедуара, привремено го повлече овој предлог-закон од парламентарната процедура. Владата тврди дека брзата процедура е потребна за да се задоволи рокот следната седмица на 31-ви октомври, но пратениците порачаа дека им е потребно повеќе време.

Поради ваквите состојби во Лондон, во Брисел се одржува во средата вонреден состанок на врвот. Сега челниците на другите 27 земји членки на ЕУ треба да одлучат за одложување на рокот на 31-ви октомври.

„Најизгледниот исход е продолжувањето до 31-ви јануари, како што побара Лондон, со можност Британија да излезе и порано, доколку ги доврши своите правни процеси. Во основа, штом, Британците ќе бидат подготвени, може да излезат“, рекол за Reuters неименуван европски дипломат вклучен во преговорите за брегзитот.

Тој не знае дали Франција ќе се согласи со овој план. Извор од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон доцна во вторникот ноќта рекол дека Париз е подготвен да одобри одложување од неколку дена, но не и подолго. Француски функционери во средата го повторија овој став, и покрај тоа што Туск бараше подолго одложување.

„Дополнителното одложување ќе биде долго неколку дена, можеби седмици, но н до јануари како што некои зборуваат, тоа едноставно не е можно“, рече Пјер-Александер Англад, пратени во францускиот паралемнт кој е задолжен за европските прашања во партијата на претседателот Макрон.

Одложувањето мора едногласно да ја одобрат 27-те членки. Тие ова го сторија веќе двапати, и во двата случаи со негодувањето на Франција која на крајот се согласи.

Европски функционер под услови на анонимност најавил дека челниците на дрќавите се сретнаа во 15,30 часот, за да разговараат за препораката на Туск и предлогот консензусот на челниците да се постигне со „пишани процедури“. Функционерот истакнал дека е малку веројатно оти во среда ќе биде постигнат договор.

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој се залага за тримесечното одложување, изјави во парламентот во Даблин дека меѓу европските челници нема консензус, како и дека можеби ќе мора да се одржи вонреден состанок на врвот следниот понеделник, доколку договорот не биде постигнат до петок.