ЕУ размислува за забрзано издавање визи за турските граѓани

ЕУ и Турција ќе бараат начини да го забрзаат издавањето европски визи за турските граѓани. Ова беше наведено во заедничката изјава на двете земји по вчерашната средба во Брисел меѓу еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во изјавата се додава дека ЕУ и Турција ја потврдуваат заедничката желба да ги исполнат барањата за укинување на визите за турските патници и ќе преземат активности за подобрување на соработката по ова прашање. Се наведува дека забрзаното издавање на визите е привремена мерка до укинување на визниот режим.

„ЕК и Турција разговараа за миграциските и безбедносните прашања“, се вели во соопштението.

Се додава дека тоа се однесувало на спречување на илегалната миграција, безбедноста на границите, борбата против перење пари. „

Двете страни се договорија за дополнителни активности за спротивставување на тероризмот и организираниот криминал, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.