ЕУ сака да ја јакне својата автономија во областа на одбраната и безбедностa

NATO Secretary General Jens Stoltenberg and European Council President Charles Michel arrive to speak to the press ahead of a video conference on security and defence and on the EU's Southern Neighborhood, in Brussels, Belgium, 26 February 2021. EPA/JOHANNA GERON / POOL

Челниците на државите членки на Европската унија потврдија во петокот дека сакаат да дејствуваат на јакнењето на капацитетите за Унијата може да биде автономија во областа на безбедноста и одбрана, како и во заштитата на свои интереси и вредности.

„Сакаме да ги промовираме интересите и вредностите на Европската унија и нејзината отпорнсота и подготвеноста за ефикасно да може да се соочи со безбедносните закани и предизвици“, се наведува во заедничкатата изјава по завршувањето на дводневниот виртуален состанок на врвот.

Челниците на државите членки на ЕУ во четвртокот на виртуелниот самите разговараа за епидемиолошката ситуација и координацијата на борбата против пандемијата на коронавирусот, а во петокот дискутираа за безбедноста и одбренбените питање и во однос со јужните соседи.

„Потврдивме, соочени со глобалната нестабилност, дека ЕУ ртеба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност“, истакнуваат челниците на ЕУ.

Во дискуијта за безбедноста и одбраната, на челниците на земјите во ЕУ им се придружи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Од 27-те члени на ЕУ 21 е членка и на НАТО. ЕУ и НАТО во заедничките изјави во 2016 и 2018 година договорија јакнење на соработката во 74 области од заеднички интерес.

Челниците на ЕУ истакнуваат дека остануваат приврзани на соработката со НАТО и ја позравија подготвеноста на новата американската администрација на претседателот Џо Бајден за обновување на посилното трансатлантското партнерство.

Шефовите на државите и владите во ЕУ ја задолжија Европската комисија до октомври годинава да ја претстави програмата за јакнење на истражувањето, развојот на технологијата и иновацијата и намалувањето на стратешката зависност во критичните технологија и производствените синџири.

Членките на ЕУ сакаат да ја зајакнат соработката во областа на одбраната и безбедноста, да се зголемат инвестициите во одбраната и да ги зајакнуваат цивилните и воени способности, како и оперативните способности.

Челниците се согласија и околу неопходноста за поголема соработка и координација на спречувањето и одбраната од хибридните закани и дезинформации, меѓу другото, со вклучување на приватниот сектор и релевантните меѓународни актери.