ЕУ сака што поскоро да биде подготвена за трговските преговори со САД

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром рече дека нејзиниот мандат за постигнување трговски договор со САД е „речиси довршен“, што би го отворило патот за официјалните преговори.

Еврокомесарката Сесилија Малмстром и американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер се вклучени во работната група од летото 2018 година за да ја дефинираат рамката за евентуалните трговски преговори по начелниот договор за трговскиот договор кој кон крајот на јули го склучија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Ги разработуваме последните поединости од овој преговарачки мандат, којшто, секако, мора да им биде предочен на земјите членки (на Европската унија)… Мислам дека тоа би можело да оди брзо, иако се’ уште не може да се каже колку време ќе биде потребно на Советот на Европа да донесе одлука“, вели Малмстром за AFP.

Еврокомесарката, којашто во средата и четвртокот имаше состаноци со Лајтизер, тврди дека не би требало да има особени спротиставувања на овој преговарачки мандат, имајќи предвид дека не е вклучено земјоделството, што е особено чувствителна тема за Франција.

„Не гледам големи забелешки, бидејќи сите разбираат дека ние е потребна позитивна агенда со САД. Преговорите за намалувањето на царините на сите индустриски стоки се ограничени, но се важни за двете страни. Што се однесува до европската страна, ќе настојуваме да бидеме подготвени што поскоро“, истакнува Малмстром.

Лајтузер, пак, уште на 16-ти октомври го извести американскиот Конгрес дека има намера да пеговара за трговскиот договор со Европската унија. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп по тоа објасни дека во прв ред мора да се почитува одложувањето за воведувањето на царините од 90 дена, коешто завршува следната седмица.

Лајтизар истакна дека целите на преговорите ќе бидат објавени најмалку 30 дена пред официјалниот почеток на преговорите. Малмстром додава дека ЕУ е секогаш подготвена да ги вклучи „автомобилите и сите видови возила“ во преговорите, „доколку тоа биде взаемно“.

Бидејќи станува збор за можните царини во автомобилскиот сектор кој американската влада би можела да ги наметне по објавата на заклучоците од своите истраги во февруари, Брисел се’ уште се надева дека ќе биде иземен. Но доколку европските автомобилите погодени од таквите царински тарифи, на европскиот список ќе се најдат голем број американски производи.

На прашањето за тоа каков бил состанокот со Лајтизер, Малмстром оценува дека бил „многу конструктивен“. Америнаскиот претставник за трговија навистина сака да се заземе за Европа, додава. „Ќе сториме се’ што можеме да го финализираме договорот во овој мандат“, истакнува Сесилија Малмстром.