ЕУ се коригира – Русија распоредила над 100.000 војници на границата на Украина

Повеќе од 100.000 руски војници се распоредени крај украинската граница и на полуостровот Крим кој по референдумот од 2014-та мина во составот на Руската Федерација, објави во вторникот кабинетот на претставникот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, по средбата на министрите за внатрешни работи до земјите на ЕУ и украинскиот колега.

Борел на прес-конференцијата во понеделникот изјави за 150.000 руски војници, одбивајќи да го открие изворот. А според шефот на дипломатијата на ЕУ, на украинската граница има и бројна борбена техника, па дури и полски болници и додаде дека ЕУ тоа го смета за „најголемото распоредување на војници во историјата“.

Неговиот кабинет потоа објави исправка без да даде дополнителни објаснувања за новиот помал број на „повеќе од 100.000 војници“. Тоа според одредени западни аналитичари се должи на подложноста на европските политичари на манипулации од страна на некои украински извори.

Американски функционер, кој за агенцијата Reuters зборувал под услов да не биде откриен неговиот идентитет, рекол дека Русија распоредила „десетици илјади војници“, но оти не му е познато дека постојат податоци кои зборуваат за „повеќе од 150.000 руски војници“.