ЕУ се согласи да испрати гранична мисија во Ерменија за набљудување на состојбата со Азербејџан

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се согласија да испратат краткорочна гранична мисија во Ерменија за да ја набљудува ситуацијата со Азербејџан.

Тимот ќе се состои од „до 40 експерти за мониторинг на ЕУ долж ерменската страна на меѓународната граница со Азербејџан“, се наведува во соопштението на Европскиот совет.