ЕУ се закани дека ќе ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Европскиот парламент усвои резолуција со големо мнозинство во кое се наведува дека ЕУ мора да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, доколку официјалниот Пекинг наметне нов закон за безбедност на Хонг Конг, а во тој случај ЕУ да примени мерки на економски притисок врз Кина, јави „Ројтерс“.

Владите на ЕУ веќе изразија „длабока загриженост“ поради најавениот нов закон, според кој проценуваат дипломати, активисти и деловни кругови, дека ќе го загрози полу-автономниот статус на Хонг Конг и неговата улога во светската економија.

ЕУ, САД и Австралија се согласуваат дека новиот закон за безбедност на Хонг Конг ќе го направи принципот „една земја, два система“, што ја дефинира автономијата на Хонг Конг, целосно безначајна.