ЕУ ѝ се заканува на Црна Гора со прекин на пристапните преговори

Европската унија ѝ се закани во средата на Црна Гора дека ќе го разгледа запирањето на преговарачкиот процес доколку власта не воспостави функционални институции и не излезе од кризата предизвикана со законот со кој се ограничуваат овластувањата на претседателот Мило Ѓукановиќ и неизборот на судиите во Уставниот суд.

Предупредувањето го упатија словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон и австрискиот министер за европски и меѓународни работи Александер Шаленберг кои во средата престојуваа во Црна Гора.

„Ова е посета која доаѓа со јасно предупредување, но и охрабрувањето кое го носиме во името на нашите колеги. Сакаме оваа држава да ја премости политичката криза и политичкиот ќорсокак. Предупредувањето е: доколку блокирањето продолжи Црна Гора ризикува да го пропушти следниот чекор на патот кон ЕУ и да заврши настрана наместо на тој пат“, истакна шефот на австриската дипломатија Шаленберг на заедничката прес-конференција.

Шаленберг истакна дека Црна Гора досега била „пример за регионот“ без да ја споменува ендемската корупција и организираниот криминал, но дека сега „гледа растечка поларизација и застој“ во клучните реформски прашања.

Фајон и Шаленберг по средбите со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазавоиќ и претседателката на парламентот Даниела Ѓуровиќ истакна дека неодамнешните политички настани во Црна Гора предизвикале длабока криза на институциите и придонеле за забавување на пристапните преговори.

Фајон, која како словенечка европарламентарка и во нејзината татковина беше критикувана како изразен лобист, оцени дека Црна Гора со изборот на новата власт според изменетиот закон за претседателот на државата „ризикува да ја загуби довербата од ЕУ“.

„Никој не сака запирање на процесот. Во текот на разговорите со црногорските челници се согласивме дека е крајно време да се реагира“, рече словенечката шефица на дипломатијата додавајќи дека е итно воспоставување на Уставниот суд,

Фајон рече и дека е клучно таа постапка да заврши до крајот на јануари за Црна Гора „да се откопа од длабоката институционална и најлоша политичка криза последните години“.

Црна Гора влезе во политичка криза од август кога на владата на премиерот Дритан Абазовиќ, откако тој етнички Албанец го потпиша Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ), договор кој го имаа потпишано претходно со владата на ДПС и другите верски задници во Црна Гора. Поради овој договор на владата на Абазовиќ ѝ беше изгласана недоверба во парламентот по иницијатива на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ и откако поддршката ѝ ја откажа дотогаш СДП.

Потоа беше формирано ново парламентарно мнозинство во кое најголем чинител е просрпскиот Демократски фронт, а ја поддржува и партијата Обединета реформска акција (УРА) на Дритан Абазовиќ кој го предложи за мандатар за формирање на новата влада Миодраг Лекиќ.

Претседателот Ѓукановиќ, најдолговечниот политички челник во Европа со повеќе од три децении и порано еден од најблиските соработници на српскиот челник Слободан Милошевиќ, одби да му го даде мандатот на Лекиќ кого неговата партија го обвинуваше дека бил амбасадор од времето на Милошевиќ односно СР Југославија, тврдејќи дека „не е убеден“ дека Лекиќ има поддршка во парламентот.

Како одговор на тоа владејачкото мнозинство усвои нов закон за претседателот, со кој како и во другите земји во Европа шефот на државата треба да го даде мандатот на кандидатот кој ќе биде предложен од парламентарното мнозинство, особено идентично со случајот во Македонија во 2017 година.

Но ЕУ се спротистави на тој закон, по што дипломатите и западните амбасадори во Подгорица, како и Венецијанската комисија, која е советодавно тело на ЕУ, оценија дека законот наводно бил противуставен.

Кризата дополнително беше продлабочена со нефункционирањето на Уставниот суд на Црна Гора кој во моментов има само тројца од вкупно седум судии, а пратениците со месеци не успеваат да се договорат за изборот на новите уставни судии.

Партијата на Ѓукановиќ организира протести на кои се бара повлекување на законот за претседател или распишување нови парламентарни избори, но според моменталните анкети ДПС може да биде најбројна партија но не би успеала да формира мнозиснтво во парламентот