ЕУ: Со бродови против бранот мигранти

Министрите за надворешни работи на државите членки денес во Луксембург одлучија да покренат опсежна поморска акција насочена кон запирање на бранот бегалци од Африка и Блискиот Исток, коишто преку Јадранското Море се обидуваат да стасаат до ЕУ, пишува Танјуг.

– Ова е прв пат заеднички да преземаме толку сериозна акција, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која претседава со состанокот во Луксембург.

Федерика Могерини, фото: АФП
Федерика Могерини, фото: АФП

Таа изјави дека бродовите на ЕУ, освен тоа што ќе бидат насочени кон спасување на мигрантите, истовремено ќе дејствуваат и против криумчарите на луѓе кои што го организираат превозот на мигранти во Европа.

– Целта е јасна, на мета не се мигрантите, туку криумчарите, изјави Могерини.

Како што посочува Танјуг, меѓу останатите мерки што денес се договорени е и програмата за економска помош на државите во Африка за да се подобрат условите за живот и да се овозможи подобра контрола на границита.

На почетокот на денешниот состанок, исто така било договорено ЕУ да ги продолжи санкциите кон Русија за доплнителни шест месеци, а една од темите што денес исто така ќе биде разгледана е и актуелната политичка криза во Македонија.