ЕУ со поддршка од 55 милиони долари за бизнисот во Украина

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан и украинскиот министер за економски развој и трговија, Ауварас Абромавичус денеска потпишаа меморандум за меѓусебно разбирање за програмата за поддршка на малиот и среден бизнис во вредност од 55 милиони евра.

– Комесарот Хан и министерот Абромавичус потпишаа нова програма за поддршка од ЕУ за малиот и среден бизнис во Украина. Оваа програма треба да го отвори патот за кредити од една милијарда евра, се наведува во соопштението, пренесува МИА.

На средбата е договорено и создавање на 15 регионални центри за поддршка на малиот и среден бизнис, во соработка со ЕУ.