ЕУ верува дека двете страни ќе продолжат да го почитуваат Преспанскиот договор

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, на прашање од грчките медиуми во врска со Преспанскиот договор, порача дека ЕУ е уверена дека Скопје и Атина ќе продолжат да го почитуваат.

Реакцијата доаѓа по изјавите на премиерот Зоран Заев дека Преспанскиот договор е во опасност по француското вето за почеток на преговори за Македонија со ЕУ. Запрашана дали ЕУ „стравува“ за Преспанскиот, Коцијанчич изјави дека нема да коментира туѓи коментари.

– ЕУ силно го поздрави Преспанскиот договор кој претставува значаен успех и поставува позитивен пример не само за регионот, туку за ЕУ и пошироко, ги поздравивме храброста и одлучноста на двете инволвирани страни и веруваме дека властите ќе продолжат да се заложуваат и да го имплементираат во дух на доверба, изјави портпаролката на ЕК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.