Шести пакет на санкции на ЕУ против Русија-целосно ембарго на увоз на цела нафта и од секаде

Шестиот пакет санкции на Европската унија вклучува целосна забрана за увоз на сета руска нафта, по морски и кабелски цевководи и на сурова и рафинирана нафта – изјави Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Шестиот пакет санкции вклучува исклучување на Сбербанк и другите големи руски банки од SWIFT. (SWIFT е најбезбедниот систем на меѓународно банкарство)
– Ќе го прекинеме снабдувањето со сурова нафта од Русија во рок од шест месеци, а извозот на рафинирани производи до крајот на годината – изјави претседателката на Европската комисија.
Инаку, цените на нафтата денеска пораснаа на почетокот на азиската трговија, откако податоците на Американското здружение за нафтена индустрија покажаа дека залихите на „црното злато“ и горивото минатата недела паднале.