ЕУ жали поради забраната за нејзини челници за влез во Русија

Еропската унија во петокот вечерта изрази „жалење“ поради одлуката на Русија да возрати на европските санкции со забрана за одредени функционери на Унијата да влезат на руска територија.

Руската дипломатија во петокот вечерта објави дека забранила влегување во Русија на претставници на безбедностни сили, законодавни тела и на извршната власт од некои земји од ЕУ, за лица коишто наведува дека се „лично одговорни за поттикнување на антируската политика“.

„ЕУ жали поради одлуката на руските власт. На оваа одлука ѝ недостигна правна втемеленсота и јасност и на неа соодветно ќе одговориме“, толкуваше портпаролот на ЕУ во писмена изјава.

Руското министерство за надворешни работи додаде дека негавата реципрочна мерка се однесува и на „приватните европски воени компании кои дејствуваат ширум светот“, давајќи до знаење дека тпе а едоговор на снакциите на ЕУ воведени во декември против руската приватна воена компанија „Вагнер“.

Западните земји како Франција, Германија и Велика Британија ја обвинуваат компанијата „Вагнер“ дека наводно спроведува „тајни операции за дестабилизација“ за сметака на Русија во земјите во суди како што се Украина и некои африкански земји.

Овој дипломатски пинг-понг околу санкциите продолжува во моментот кога Западот повторно ѝ се заканува на Русија со „сеопфатни и координирани стратешки нацелени санкции“ доколку наводно ја нападне Украина.