Еуфоричните Руси се гледаат во финалето уште пред да одиграат со Хрватска

205

Репрезентациите на Хрватска и на Русија со офанзивен фудбал ќе атакуваат на полуфиналето и мечот против Англија што може да се види од составите на двете екипи.

„Зборнаја“ се враќа на класичната формација со четири дефанзивци откако против Шпанија одигра бункер, а Черишев ќе стартува на местото на повредениот Жирков. Кај „коцкастите“ наместо Брозовиќ, кој игра во средниот ред, е настапи напаѓачот Андреја Крамариќ. Составот на Хрватска ќе биде ист како оној што настапи против Нигерија.

Најдобриот руски дефанзивец Илја Кутјепов (24) рече дека ќе биде тежок меч, но дека Русите нема да ги задоволи само победата против Хрватска туку дека сакаат многу повеќе.

Во групната конкуренција размислувавме скромно. Би било добро да влеземе на турнирот со победа и успеавме, па потоа другата и постигнавме една од целите со пласман во осминафиналето. Шпанија беше тежок противник, но сакавме да одиме понатаму и победивме. И против Хрватска ќе биде тешко, но сакаме да одиме во полуфиналето. Колку повеќе добиваш, сакаш подобро, секогаш сакаш повеќе, нема да запреме во четвртфиналето, сакаме да одиме колку што можеме, рече штоперот на московски „Спартак“.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ вообичаено е претпазлив со коментарите, но овојпат и тој изрази оптимизам дека неговата селекција е подготвена да го мине домаќинот и да се пласира во полуфиналето.

Не се залажуваме дека Русија е слаб ривал, тие во минатата рунда ја елиминираа силната Шпанија и на сите им докажаа дека знаат како да одиграат на резултат. Од друга страна, на нас е да го наметнеме сопствениот стил на игра, да направиме Русија да игра онолку колку што ние ќе и дозволиме. Тоа е рецептот за победа, ние да го диктираме темпото, изјави Далиќ.

Русија ќе настапи во формација 4-2-3-1 со Акинфеев, Фернандес, Кутјепов, Игнашевич, Кудријашов, Зобнин, Кузјаев, Самедов, Черишев, Головин и Ѕјуба.

Формацијата на Хрватска е 4-2-3-1 со  Субашиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ, Ракитиќ, Модриќ, Перишиќ, Крамариќ, Ребиќ и Манџукиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.