Еулекс: Се’ уште нема одлука за Ивановиќ

Конечната одлука затоа дали лидерот на граѓанската иницијатива на Косово, Оливер Ивановиќ, ќе биде пренесен од Приштина во притвор во северниот дел на Косовска Митровица се’ уште не е донесена.

Според портпаролката на Еулекс, Ирина Гудељевиќ, Оливер Ивановиќ засега останува во притвор во Приштина.

Меѓународниот судија од Основниот суд во Митровица го прифати барањето на одбраната на Ивановиќ тој да биде префрлен во Митровица.