ЕУРО 2020: Австрија убедлива во Скопје

22

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на националната арена „Тодор Проески“ беше убедливо поразена во понеделникот вечерта од Австрија со 1:4 (1:1) во квалификациски дуел за ЕП 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Австрија, која создаде многу повеќе шанси и го диктираше темпото на игра, а неколкуте интервенции на Столе Димитриевски придонесоа резултатот да не биде уште покатастрофален.

„Црвено-жолтите“ поведоа во 18- минута со автогол на Хинтерегер, а потоа се беше во знакот на гостинот. Изедначувањето дојде во 39 минута, кога Валентино Лазаро успеа да погоди со волеј по една нафрлена топка од Лаимер.

Во 62 минута Бејтулаи направи пенал врз Сабитцер во шеснаесетникот, а Арнаутовиќ реализираше за пресврт (1:2). Напаѓачотна Вест Хем својот втор гол го постигна во 82 минута, откако со глава пресретна топка на Сабитцер, а на пет минути до крајот Лаимер ги постави конечните 1:4.

Македонија по четири кола има четири бода на табелата во Групата „Ц“ и моментално е на претпоследното петто место. Циклусот квалификации продолжува на 5-ти септември, со гостување кај Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.