ЕУРО 2020: Хрватска со многу маки за гол подобра од Велс

53

Хрватската фудбалска репрезентација во првиот саботен меч од квалификациските натпревари за Европското првенство во 2020 година во Осјек многу потешко од очекуваното славеше со 2:1 (1:0).

Мечот кој беше одигран по многу топло време донесе изедначен дуел, иако домашните играчи го имаа поголемиот посед на топката, но во ткн стопроцентни шанси двете селекци беа речиси израмнети.

По нереализираните шанси на двете страни во првите десет минути од мечот, Хрватска поведе во 17 минута со автоголот на Александер Лоуренс по нафрлувањето на Иван Перишиќ, кој пак во 48 минута погоди за 2:0, а во 77 минута со помош на Домагој Вида, Дејвид Брукс погоди за Велс.

По некопмплетното трето голо во Групата Е, Хрватска е во водство со 6 бодови, додека Велс, Унгарија и Словачка имаат по 3 бода, а Азарбејџан е без бодови. Во сабота од 18 часот започнува мечот меѓу Азербејџан и Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.