ЕУРО 2020: Шпанија се намачи со Шведска

27

Во најинтересниот натпревар од понеделничката програма од дуелите за квалификациите за Европската фудбалскот првенство во 2020 година, Шпанија во Мадрид со 3:0 ја победи Шведска и остана на чело во својата група со максумални 12 бодови.

Во Групата Ф, Шпанците на мадридски „Сантијаго Бернабеу“ иако тоа не го покажува резултатот се мачеа да ги начнат жилавите Швеѓани. В првото полувреме им беше поништен и регуларен погодок, а во 63 минута беше досуден пенал кој го реализираше Серхио Рамос, во 84 минута Мората од нов пенал го удвои водството, а две минути подоцна Ојазабал ги постигна конечните 3:0.

Во истата група Романија со убедливи 4:0 го мина гостувањето на Малта, додека на Фарските острови славеше Норвешка со 2:0..

Во Групата А, Косово и во интересен натпревар славеше кај Бугарија со 3:2 со гол во 93 минута, додека Чешка имаше лесна задача и со 3:0 ја победи Црна Гора.

Во Групата Б, Србите три дена по катастрофалниот пораз кај Украина од 0:5, во Белград со 4:1 беше подобра од Литванија. Украина овојпат само со 1:0 го победи Луксембур го погодок уште во 6 минута.

Во Групата Д, пак, Данска со 5:1 беше подобра од Грузија, а Ирска само со 2:0 ги победи аматерите од Гибралтар.

Во нашата Група Г, во која Австрија во Скопје ја надигра Македонија со 4:1, Словенците дојдоа до гостинска победа од 5:0 кај Латвија. Полска е максимална со 12 бодови, откако вечерва со 4:0 го победи Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.