ЕУРО: Англија победник во групата од која и Хрватска оди во осминафиналето

Фудбалските репрезенатации на Англија и Хрватска изборија во вторникот вечерта пласман во осминафиналето на Европското првенство, откако во средбите од третото и последно коло во Грпата Д, ги совладаа Чешка со 1:0, односно Шкотска со 3:1.

Хрватска која играше во Глазгов, победи со погодоците на Никола Влашиќ во 17, Лука Модриќ во 62 и Иван Перишиќ во 77 минута, додека за Шкотска привремено израмни во 42 минута Калум Мекгрегор.

Откако по првите две кола Хрватска имаше само еден бод, неопходна ѝ беше дури и мининална победа, додека Шкотска која беше без бод со победа пред своите навивачи ќе го заземеше третото место во групата и евентуален пласман во нокаут-фазата.

Ова е првата победа на хрватската селекција против Шкотите, кои во досегашните пет меѓусебни средби забележаа три ремија и две победи над „Коцкестите“.

На крајот сепак Хрватска како второпласирана во групата оди осминафиналето, а прва е Англија којашто со погодокот на Рахим Стерлин во 12 минута ја совлада Чешка.