Освојувачот на бронзениот медал од последното светско првенство, селекцијата на Белгија ја потврди фаворитската улога во мечот со Русија во Санкт Петербург, отвворајќи го Европското првенство со победа од 3:0.
Белгија рутински стаса до победата, а во прв ред благодарејќи на двата подарока од домашната одбрана кои и овозможија сигруно водство во првиот дел од 2:0, па во второто полувреме го контролираше текот на натпреварот против Русија која по помладувањето на тимот подолг период не може да оформи своја препознатлива игра.
Стрелци на головите беа Ромелу Лукаку во 10 и 88 минута и Томас Муние во 34 минута, па иако настапија без својот најдобар играч Кевин де Брујне, Белгијците потврдија дека со право се едни од најголемите кандидати за конечен триумф на ова ЕУРО.
И на овој меч се потврди констатацијата дека многу послабиот дела на „Зборнаја“ е нејзината одбрана. Во 10 минута Мартенс упати топка во рускиот шеснаесетник кон Лукако кој беше во длабок очигледен офсајд, но рускиот бек Семенов незграпно дозволи топката да го закачи меѓу нозете и да дојде до осамениот стрелец на Интер. Во 20 и 22 минита Вертонген и Торген Азар беа во изгледни шанси но не успеаја посериозно да го загрозат рускиот гол. Во 34 минута Азар започна акција којашто со доста среќа за Белгијците и кисото подбивање од голманот Шунин дојде до Муниер кој непречено пласираше додека руските одбранбени играчи беа далеку од своите противници.
Белгија во вториот дел рутински го одржуваше водството, а Русија имаш-е јалова иницијатива неможејќи посериозно да го загрози голот на Тибо Куртоа. Така вториот дел мина во многу бавен ритам и без удари на головите, а во 88 минута Лукаку беше во својот препознатлив елемент кога беше проигран од Муние и незапирливо се спушти кон рускиот гол и погоди со прецизен удар за 3:0.
Во првиот меч од оваа група дебитантот на големите натпреварувања Финска со 1:0 ја шокираше Данска во Копенхаген. Овој историски триумф на Финците може многу да го компликува конечниот распоред во групната фаза.
Во второто коло во оваа група на 16-ти јуи играат Финска и Русија во Санкт Перербур, а ден подоцна во Копенхаген Данска и Белгија.
Последното коло во групата ќе ги донесе дуелите меѓу Русија и Данска во Копенхаген и Белгија и Финска во Санкт Петербург, а двата меча се играат на 21-ви јуни.