ЕУРО: Без победник во Островското дерби на Англичаните и Шкотите

Англија и Шкотска на лондонски „Вембли“ го завршија дуелот без голови во рамките на второто коло од Групата Д на Европското фудбалско првенство, со што се комплицираше ситуацијата за пласман во нокаут-фазата во групата во којашто Чешка и Хрватска претходно во петокот, исто така, ремизираа со 1:1.

Гарет Саутгејт направи две промени во односот на дуелот на Хрватска, а ги замени страничните играчи. Наместо Кајл Вокер на десната страна заигра Рис Џејмс, а Киеран Трипие на левата страна го замени Лук Шоу.

Шкотскиот селектор Стив Кларк, пак, се реши за четири замени во стартната постава по воведниот пораз во Глазгов од Чешка. Така Шкотите истрчаа на „Вембли“ со тим кој немаше никаков респект кон фаворизираните Англичани и одигра храбро во натпреварот во кој сосема заслужено освои бод, кој може со услов да победи во последното коло против Хрватска да значи пласман во осминафиналето.

Првото полувреме им припадна на Англичаните. Шкотите свесно го препуштија поседот на топката и очекуваа да се заканат од контранапади и прекини. Во периодот од 11 до 13 минута нивниот гол висеше во воздух, а Шкотите ги спаси и стативата. По изведениот корнер во 11 минута низ воздухот летна Џон Стоунс и иделно шутираше со глава, голманот Маршал беше совладан, но за несреќа на „Гордиот Албион“ топката заврши во левата статива од шкоткиот гол.

Во тој период шанси имаа и Фил Фоден и Мејсон Маунт, но првиот беше блокриан од шкотската одбрана, а вториот не беше доволно прецизен. Во 28 минута не беше прецизен ниту англискиот капитен Хари Кејн, кога неговиот удар со глава заврши крај стативата.

Најдобрата шанса во првото полувреме Шкотите ја имаа во 30 минута, кога Џордан Пикфор го одбрани одличниот волеј на бекот Стивен О’Донел.

Вториод дел започна со ударот во 48 минута на Маунт кој го одбрани Маршал. Потоа Шкотите создадоа неколку ветувачки ситуаци, од кои најдобрата беше во 63 минута, кога шутот на Лондон Дикес со глават го блокираше Рис Џејмс.

Според англиските навивачи во 79 минута имаше според момент, кога Рахим Стерлинг падна во шкотскиот шеснаесетник по стартот на шкотскиот капитен Ендрју Робертсон. На повторената забавена снимка се доби впечаток дека Робертсон го нагази Стерлинг на стапалото, но шпанскиот арбитар Матеу Лахоз не се огласи.

Последното коло, кое на распоредот е на 22-ри јуни, ќе го даде одговорот кои репрезентации ќе продолжат на турнирот. Англија и Чешка се во најдобра позиција со по четири бодови и нивното евентрално реми на „Вембли“ и на двете селекции ќе им гарантира осминафинале. Притоа Чесите би биле првопласирани а Англичаните втори. Победникот од дуелот меѓу Шкотска и Хрватска на глазговски „Хампден Парк“ ќе има шанси да заврши на втората или третата позиција во групата, зависно од резултатот во Лондон. Со реми, пак, Хрватска би имала два бода, колку и Шкотска.